Македонија 02. октомври 2018. / 20:12

Метју Нимиц: Важни се оние кои гласале „ЗА“ на референдумот, оние другите не нудат алтернатива

Метју Нимиц: Важни се оние кои гласале „ЗА“ на референдумот, оние другите не нудат алтернатива

Раководството и политичарите во Македонија ќе мора да донесат крупни одлуки за иднината на својата земја, изјави посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц.

Коментирајќи го недоволниот одѕив на гласачите на неделниот референдум во Македонија, Нимиц во изјава за грчката ТВ „Антена“ во Њујорк вели дека фокусот треба да се стави на оние што излегоа и гласаа „за“ бидејќи оние што се против и не гласаа не нудат друга алтернатива.

Преспанскиот договор, според Метју Нимиц, е најдобро можно решение и го отвора патот за стабилна иднина на целиот Балкан.