Германската канцеларка на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев истакна дека не сака да се меша во одлуката на граѓаните за референдумот, но според неа би било добро да се искористи шансата и да се излезе на гласање.
„Не сакам да се мешам во одлуката на вашите граѓани, но од сопствено искуство можам да кажам дека ова е историска шанса, која не се појавува секој ден. Таа е шанса која што една генерација ја има само еднаш. Овој 30 септември е историска шанса и затоа, од мој аспект, сакам да кажам да не останете на ваков историски ден дома. Искористете ја вашата демократска можност да го кажете она што мислите за иднината на вашата земја“ изјави канцеларката Меркел.
Меркел додаде дека сега е шансата да се залагаме за успешен референдум, а не со тоа што би се случило доколку не успее.