Македонија 01. септември 2020. / 13:49

Меркел му го честиташе новиот мандат на Заев

Меркел му го честиташе новиот мандат на Заев

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Зоран Заев му го честиташе реизборот за премиер на Република С. Македонија.

Ви честитам за реизборот за премиер на Република С. Македонија. С. Македонија и Германија се поврзани со тесно партнерство, билатерални врски, и како сојузници во НАТО, нагласи таа во честитката.

Меркел посочи дека германската Влада целосно ја поддржува целта за поголемо доближување на земјата до Европската унија.

Од клучно значење на тој пат е посветено продолжување на реформите, вели германската канцеларка во честитката.

Таа на крајот на Заев му посакува среќа и успех во неговата одговорна задача и изразува задоволство од соработката меѓу двете земји.