Македонија 22. јуни 2018. / 14:07

Меркел му честита на Заев за договорот за името

Меркел му честита на Заев за договорот за името

Канцеларката на СР Германија Меркел упати писмо до премиерот Заев за договорот за македонско-грчкиот спор за името.

„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех.

Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи“, пишува во писмото до премиерот Заев, соопшти владината прес служба.