Во Министерство за правда денес се оствари првата средба меѓу власта и опозицијата околу предлог законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство. Тони Менкиноски од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека во четврток ќе ги достават нивните амандмани.
Овој закон навистина има потреба од амандмани за подобрување на работата на јавното обвинителство. Вмро-дпмне стои на располагање. Сметаме дека СЈО треба да биде одделение во јавното обвинителство за организиран криминал. Не се прифатливи одредбите СЈО да не одговара пред никого и сам да си го создава буџетот, рече Менкиноски.