Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, поканет во емисијата “Пресинг“ на косовската телевизија Т7, во врска со последните политички движења во земјата, рече дека СДСМ е принудена да коалицира со албанските политички партии затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу подобра на анкетите.
– Јас комуницирам со луѓе кои велат дека гласале за СДСМ, затоа што ДУИ ги уништила. Но, сега економијата е уништена. Јас сум за коалиција меѓу Македонците и Албанците, но не во оваа форма. Ова коалиција е затоа што според анкетите, СДСМ стои под ВМРО, рече Тачи.