Македонија 02. октомври 2018. / 20:54

Мендух Тачи: Ниту една политичка партија на Албанците нема да влезе во колиција со ВМРО-ДПМНЕ

Мендух Тачи: Ниту една политичка партија на Албанците нема да влезе во колиција со ВМРО-ДПМНЕ

Политиката на тврдоглавост на ВМРО-ДПМНЕ не оди во прилог на интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ. Со оваа политика повторно се комплицираат меѓуетничките односи во земјата, што е опасно.

Ова го изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи во дебатната емисија на албанската телевизија АБЦ посветена на референдумот во Македонија.

Тачи додаде дека на ,,ВМРО ДПМНЕ му е јасно дека оваа политика на неинтегрирање во Нато и ЕУ, ќе доведе до состојба да ниту една политика партија на Албанците во Македонија не влегува во колиција со ВМРО ДПМНЕ и да победи на избори.

Лидерот на ДПА оцени дека референдумот во Македонија е успешен, бидејки 6оо илјади гласови ниту една партија нема добиено на избори во земјата. Во врска со излезеноста на гласачките места , Тачи подвлече дека над 7о насто од Албанците излегле на референдум .

„Околу 4о насто од Албанците во Македонија се на работа во странство така што и бројките на избирачкиот список не се објективни. Во земјата нема попис повеке од 17 години рече тој. Референдумот беше консултативен и бројот на излезеноста е гаранција дека сега Собранието треба да започе со уставни промени. Според него меѓународниот фактор и актуелната власт заедно со опозицијата треба да направат големи напори проблемот да се надмине во Собранието.

Ако не додава Тачи тогаш неминовни се избори бидејки нема друго решение . Албанците ја полчитуваат спогодбата на Македонија и Грција, и се целосно определени Македонија да биде членка на Нато и ЕУ , друго решение за земјата нема“, додаде Тачи во дебатата во која учествувааше и поранешниот министер за надворешни работи на Албанија Паскал Мило кој оцени дека Македонија нема дру пат освен оној кој ја интегрира земјата во Нато Алијансата и ЕУ.