Нетрпеливоста меѓу кумановските групи на ДУИ е причината за синоќешната престрелка во Мала Речица, пишува Телма.
Синоќешната престрелка во Мала Речица не е прв пат во ДУИ со огнено оружје да се решаваат дебати и несогласувања. Пред три години, во јули 2015 година во кумановската населба Бедиње, беше убиен Џемаил Реџепи познат како Командант Шчипоња.
Најсериозниот кандидат за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, Наип Реџепи, синоќа беше убиен пред седиштето на партијата во Мала Речица.
И тој како и Џемаиљ Реџепи важел за најсериозен кандидат за лидер на партискиот огранок – едниот во 2015 година, другиот сега.
Според информациите причината за пресметката е нетрпеливоста меѓу двете кумановски групи на ДУИ, што траела од порано, а излегла на виделина за локалните изори кога биле креирани советничките листи.