Ексклузивни документи од МВР пристигнаа до редакцијата на “Економски Лидер” на кои се прикажува како министерството го прикривало тепањето на лицето Сенат Јашар од страна на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.
До редакцијата на Лидер свиркачи ја достави пријавата која Јашар ја направил на 01.05.2018, во која објаснува дека бил тепан од градоначалникот Курто Дудуш.
Неговиот исказ бил заведен како “Пријава” а истиот го потпишал полицискиот службеник Панџаковски Даме.
Но, подоцна, истата пријава, била заведена како “Поплака”, форма по која МВР има можност да не реагира.
Неа ја потпишал, полицискиот службеник, полицискиот службеник Волковски Љупчо.
Ова е класично заташкување на случајот на насилство врз лицето Курто Дудуш од страна на МВР и началникот на П.С. Чаир, Коменовиќ Сашко.
Нашиот извор од МВР, тврди дека во заташкувањето на случајот бил вмешан министерот Оливер Спасовски кој интервенирал да пријавата да се преименува во поплака за да може да се спаси градоначалникот Курто Дудуш.
Завчера, Економски Лидер објави аудио бомба, во која беше претставено тепањето од страна на Курто Дудуш.