Македонија 09. март 2021. / 22:50

Меџити: Попрво прифаќам исклучување од ДУИ, отколку да седам како кукла

Меџити: Попрво прифаќам исклучување од ДУИ, отколку да седам како кукла

До крај ќе се борам да придонесам внатре во ДУИ. Попрво прифаќам исклучување од партијата, отколку да седам како кукла на овие функции, кога реално не можам да придонесам. Немам намера да бегам, изјави вечерва заменик претседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој поднесе оставка од функцијата шеф на пратеничката група.

Тој рече дека ќе продолжи да ги поддржува политиките на ДУИ, но дека нема да се претпостави ќе гласа против ако со нешто не се согласува.

– Оставката или повлекувањето на шефот на пратеничката група е од повеќе причини. Значи, јас јавно велам дека имам свои забелешки, јас претставувам различно мислење во овој период во рамките на ДУИ, со моите забелешки до оваа извршна власт и за да не влијаам врз нив од позицијата координатор, сакајќи да биде појасна мојата позиција, затоа што од една страна го напаѓам вицепремиерот или политиките на извршната власт, од друга страна треба да ги бранам или да гласам за тие позиции во парламентот од таа позиција и да ги отстранам овие противречности мислам дека го поплочив патот да се има друг координатор кој ќе може да разговара со групите и да ги балансира овие концепти и полесно да ја извршува својата задача, рече Меџити.