Премиерот Зоран Заев ја почнува кампањата за референдум за прифаќање на договорот од Преспа. „Македонскиот идентитет Ерга Омнес“ е би бил одприлика слоганот на неговата кампања со која ќе настојува да ги убеди граѓаните позитивно да се изјаснат кон договорот од Преспа.
Ова меѓудругото го пишува весникот КАТИМЕРИНИ, под наслов:„Скопскиот премиер со убедлива парола.“
ЕКАТИМЕРИНИ пишува дека Зоран Заев пред неколку дена се вратил од одморот во Грција каде поседува приватен имот, и дека бил оптимист во убедувањето на јавноста, дека македонскиот јазик, нација и култура се сочувани од промена со договорот од Преспа.