Премиерот Зоран Заев попладнево ќе биде домаќин на словенечкиот колега Марјан Шарец. Тие ќе имаа средба во владата, а потоа ќе дадат и изјави.
Двајцата премиери потоа ќе го посетат граничниот премин Богородица, во делот кој беше една од точките на поранешната балканска мигрантска рута.