Македонија 21. ноември 2020. / 19:06

Марија Габриел: Не гледам причина Бугарија да го смени ставот за Македонија

Марија Габриел: Не гледам причина Бугарија да го смени ставот за Македонија

Во овој момент, не гледам причина Бугарија да го смени ставот за с. Македонија. Ова го рече еврокомесарот за иновации, истражување, култура, образование и млади Марија Габриел во интервју за програмата „Разбуди се“ на Нова ТВ по повод позицијата на Бугарија за с. Македонија.

– Ние мора да разјасниме дека Бугарија отсекогаш ја поддржувала интеграцијата на с. Македонија во ЕУ. Да не заборавиме дека темата за Западен Балкан беше покрената за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ и таа останува трајно на агендата, рече Габриел.

Таа додаде дека Македонија и Бугарија имаат нерешени соседски односи. Нема друга земја што има претензии кон историја и говор на омраза. Заклучи дека воо овој момент не гледа причина зошто Бугарија би ја сменила својата позиција.