Македонија 29. март 2020. / 09:13

Мапа на развојот Ковид-19 во Македонија: Заболени 241 лица, четворица починати, тројца излекувани

Мапа на развојот Ковид-19 во Македонија: Заболени 241 лица, четворица починати, тројца излекувани

Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани.

Владини претставници извршија увид на работите за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје- 143, Дебар – 45 од кои двајца починати, Куманово – 20 од кои еден починат, Штип – 8, Прилеп – 8,Тетово- 4, Охрид- 3, Велес – 3, Струга – 3 од кои еден починат, Кавадарци – 2, Гостивар – 1 и Битола – 1.

Реалната состојба за развојот на епидемијата во Македонија може да ја следите во живо на следниот линк.