Самоил Малчески, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 година, а јавноста најмногу го памети како студентски лидер од 2007 година, со поддршка за новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи напиша:
После 6 години, многу непреспиени ноќи, многу битки синоќа со голема радост ја примив веста дека Централниот комитет го изгласал новиот Статут на ВМРО ДПМНЕ.
Што тоа значи:(1) ВМРО-ДПМНЕ е народна, државотворна, демократска партија со конзервативна идеологија, која што ги застапува и штити македонските национални интереси, негува европски демохристијански традиции и промовира универзални хуманистички вредности.(2) ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа и споделува принципите, вредносните определби и практики на Европската народна партија.(3) Работата на партијата и нејзините органи и тела е јавна и транспарентна, во духот на внатрепартиската демократија.(4) ВМРО-ДПМНЕ води сметка за родовата димензија и обезбедува рамномерна застапеност на жените и мажите во органите и телата на партијата.(5) ВМРО-ДПМНЕ води посебна грижа за застапеноста на младите во органите и телата на партијата.Општинските и Централниот комитет се отвараат за потребите на членството:(6) Општинскиот комитет е должен да расправа и да донесе одлука по кое било прашање од локален интерес поврзано со партиските цели и задачи и со партиската програма за подобрување на животот на граѓаните, доколку тоа е доставено во писмена форма од најмалку двесте (200) членови на партијата на општинско ниво, при што еден од потписниците на барањето може да го презентира и да го објасни барањето во својство на застапник пред општинскиот комитет.(7) Централниот комитет е должен да расправа и да донесе одлука по кое било прашање од државен интерес поврзано со партиските цели и задачи и со партиската програма за подобрување на животот на граѓаните, доколку тоа е доставено во писмена форма од најмалку илјада (1.000) членови на партијата, при што еден од потписниците на барањето може да го презентира и да го објасни барањето во својство на застапник пред Централниот комитет.(8) Општинскиот, односно Централниот комитет е должен во рок од триесет (30) дена од доставеното писмено барање, да одржи седница, на која ќе биде разгледано барањето.Понатаму,(9) Предателот на партијата, на претседателите на општинските комитети, како и на претседателите и на членовите на сите органи и тела кои се избираат од страна на Конгресот на партијата изнесува четири (4) години.(10) Мандатот на сите останати функционери на партијата изнесува две (2) години.(11) Членовите на партијата можат да бидат членови само на еден управен, односно надзорен одбор на трговско друштво или јавно претпријатие во мнозинска сопственост на државата, единицата на локалната самоуправа или Градот Скопје.(12) На член на партијата кој е избран во органите на регулаторни тела или во друг државен орган или на функција за која со закон е утврдено дека е некомпатибилна со партиската функција, со денот на стапувањето на функцијата, му престануваат сите партиски функции.(13) Понатаму, во член 37 јасно се дефинира кој може да членува во Централниот комитет на партијата, нема веќе приватни журки и другарчиња за да им го чуваат грбот и мнозинството!(14) Се воведува нова партиска функција Претседавач на Централниот Комитет. Со ова решение се овозможува било кое лице кое што е член на Централниот Комитет на партијата по предлог од најмалки 10 члена на овој орган биде избрано од истиот за нивен репрезент и прв меѓу еднаквите, што се разликува од досегашното решение според кое Претседателот на партијата беше единствено решение за прв човек на ЦК.(15) Изречно се дефинираат надлежностите на Генералниот секретар на партијата по примерот на Австриската народна партија (АНП) и Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ), како и статутарно се дефинира работата на секретаријатот со кој што раководи генералниот секретар на партијата.(16) Нов партиски орган е и Републичкиот изборен штаб (РИШ)(17) Конвенцијата како орган за избор на кандидат за претседател на државата е исто така прецисно дефинирана со овој статут од аспект на надлежности и правила на работа, како и начин на избор на делегати на истата. Завршуваат приватните журки наречени Конвенции со делегати по мерка!НАЈБИТНО ОД СЕ:(18) Во новиот Статут на ВМРО – ДПМНЕ се предвидува непосреден избор на претседатели на Општински Комитети преку базата, односно делегатите на Општинското изборно Собраниe, кое што преку непосредни избори ќе ги одбере најдобрите тројца кандидати од кои што Извршниот Комитет на партијата ке изврши избор на 1 за Претседател на Општинскиот Комитет. Со ваквото решение, кое што како пример постои во Статутот на една европска сестринска партија членка на ЕПП (ГЕРБ), се оневозможува избор на Претседател на базичната локална организација без за тоа јасно и недвосмислено да се изјасни членството.(19) Изборот на кандидати за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ ќе се врши според претходните правила!(20) Чекор напред во непосредна демократско одлучување за избор на кандидати за советници во локалната самоуправа, се предходно наведените членови од предлог Статутот, односно нив дирекно ги бира Собранието на општинскиот комитет.(21) Статутарно се дефинирани и Униите на партијата, како Унијата на млади, Унијата на жени и нов орган е Унијата на ветерани, како и Патриотскиот институт и Форумот на интелектуалци, два нови органи на партијата кои што ќе овозможат здружување и делување на партиски членови од одредени сфери на делување.Понатаму,(22) Со новиот Статут на ВМРО – ДПМНЕ се предвивуват и други облици на внатрепартиско здружување кои што ќе овозможат координирано делување на партиски членови од одредени сфери на делување.(23) Со новиот Статут на ВМРО – ДПМНЕ се предвивува и Партиски истражувачко-аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ – „Љубиша Георгиевски”(24) Со новиот Статут на ВМРО – ДПМНЕ се дефинира и начинот на работа на пратеничката група на партијата, како и на советничките групи на партијата во единиците на локалната самоуправа.Но, тоа значи и дека нема веќе од шофери да стануваат министри или пак од кафичи во директорски фотелји.Со ваквите статутарни решенија клиентелизмот и оделашите кои наненоса непоправлива штета на ВМРО ДПМНЕ се веќе историја.
После 6 години, вредеше!Ниедна битка не е залудна ако се води со искрени и чесни намери!ГЛАВАТА ГОРЕ БРАЌА И СЕСТРИ, НЕ ЧЕКААТ УШТЕ МНОГУ БИТКИ!ДА ЖИВЕЕ ВМРО ДПМНЕ!ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
После 6 години, многу непреспиени ноќи, многу битки синоќа со голема радост ја примив веста дека Централниот комитет го…
Posted by Samoil Malcheski on Wednesday, July 22, 2020