Македонија 08. март 2020. / 16:04

Македонско друштво Илинден: Во Албанија не живеат Бугари, Македонците не се Бугари

Македонско друштво Илинден: Во Албанија не живеат Бугари, Македонците не се Бугари

Македонско друштво „Илинден”-Тирана за неприфатлива ја смета објавата и промоцијата на книгата “Бугарите во Албанија“ од Спас Ташев, со лого на Европската народна партија, бидејќи шири лаги и невистини за Македонците во Албанија како “Бугари“.

Од друштвото го посетуваат авторот на книгата дека преземал слика без авторски права, истовремено го спомнува Македонско друштво “Илинден”-Тирана како промотор на Македонизмот во Албанија.

Друштвото најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кон Македонците во Албанија кој за време на посетата во областа Мала Преспа, во својство на европратеник и потпретседател на европарламентарната група на Европската народна партија, кој на социјалните мрежи информира дека остварил средби со „Бугарите“ во Врбник и Мала Преспа.

-Македонско друштво „Илинден”-Тирана повторно ги осудува неприфатливите уцени на Софија кон Албанија од која бара права за Македонците како „Бугари“! Македонско друштво „Илинден”-Тирана и уште еднаш прокламира, дека во Албанија не живеат „Бугари“, Македонците во Албанија не се „Бугари“! Македонците во Албанија не може да бидат коалтерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за членство во Европската Унија, посебно наци-фашистичкиот ултиматум на Софија: Тест за бугарска согласност за започнување на преговори меѓу Брисел и Тирана е обврската Албанија да прокнижи Бугари на престојниот попис во регионите каде што живеат Македонците! Македонско друштво „Илинден”-Тирана ја осудува национал-шовинистичката политика на Софија кон Македонците во Пиринскиот дел на Македонија и во цела Бугарија, како и кон Македонскиот народ во целина, непризнавајќи го неговото универзално неотуѓиво и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација на Македонски народ, Македонски јазик и држава Македонија“!, наведуваат од друштвото „Илинден“.