Македонија 17. октомври 2020. / 08:03

Македонската армија денеска во прва мисија како членка на НАТО

Македонската армија денеска во прва мисија како членка на НАТО

Армијата на Република С. Македонија како 30-та земја членка на НАТО првпат директно учествува во мисијата КФОР.

Денеска 44 припадници на Армијата ќе се упатат во мисијата на НАТО во Косово, составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“.

Од АРМ соопштија дека пред упатувањето во оваа мисија припадниците на Армијата поминале низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција каде се извежбувале и обучувале за изведување на задачи кои ги очекуваат за време на мисијата.

Припадниците на Армијата својата подготвеност, интероперативност и способност за извршување на најтешки задачи, веќе ги имаат докажано во досегашното 18 годишно учество во мировните мисии Исаф и Одлучна поддршка во Авганистан и мисиите Слобода за Ирак, Алтеа во Босна и Херцеговина и Унифил во Либан, информираа од АРМ.