Со 12 нови случаи Македонија вчера се најде на седмото место во Европа според бројот на починати како последица на корона вирусот.
Пред земјава се само држави кои имаат меѓу 10 и 70 пати побројно население. На врвот е Русија со 93 смртни случаи, Велика Британија со 25 и Романија со 22.
Во последното деноноќие во Македонија од спроведени 868 тестирања, регистрирани беа 132 позитивни случаи на корона вирус.