Македонија 14. ноември 2019. / 13:56

Македонија нема да е тема на состанокот на Советот на министри за општи работи на ЕУ

Македонија нема да е тема на состанокот на Советот на министри за општи работи на ЕУ

На состанокот на Советот на министри за општи работи на ЕУ (ГАК) што ќе се одржи на 19 ноември, Македонија и Албанија во контекст на проширувањето ЕУ сепак нема да бидат тема за која ќе има заклучоци или одлуки, дознава Експрес.мк.

Ова беше очекувано по италијанска иницијатива за актуелизирање на прашањето за преговорите на Македонија откако Франција, на самитот во Брисел практично со вето го блокираше добивањето датум, пишува Експрес.

Конте изјави дека Италија ќе предложи рестартирање на разговорите за проширување на ЕУ со Македонија и со Албанија уште во текот на ноември.

Лично италијанскиот премиер Џузепе Конте ова му го нагласи на премиерот Зоран Заев кога покани во Италија и му вети дека темата на проширувањето на ЕУ ќе ја постави на претстојниот ГАК.