Македонија да ја промени временската зона и да се приклучи на зоната на Бугарија, Грција, Турција која е поточна за ова поднебје, предлага министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој преку „Фејсбук“ посочи дека ова е негова лична заложба.
-Македонија треба да го следи примерот од ЕУ и од 2021 да го задржи летното сметање на времето со што ќе се прекине со овие промени на часовниците, додаде Милевски.