Лидерот на Демократската Странка на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ открива за што разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата што се одржала деновиве во Белград.
Стоиљковиќ кој деновиве заедно со претседателот Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик беше на собир на сите српски лидери на Бадник, вели дека Вучиќ лично ќе се ангажира во неколку иницијативи на Србите во Македонија.
Тој како негов личен, но и заеднички став со претседателот Вучиќ го смета застојот на односите меѓу двете земји и народи.
-Да резимирам за резултатите од средбата со српскиот претседател, со оглед на застојот во односите помеѓу двете држави, кои не одговараат на барањата на нашите народи и граѓани, покренавме неколку иницијативи кои се мошне битни за припадниците на српскиот народ во Македонија, некои од нив ќе ви ги пренесам затоа што тие најбргу ќе бидат реализирани.
Прво, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на наше барање ќе биде ПОКРОВИТЕЛ на проектот Денови на свети Сава, а како свој личен пратеник го определи Небојша Стефановиќ, заменик претседателот на Владата и на СНС и министерот за внатрешни работи, баравме од Владата на Република Македонија и таа да се вклучи исто така како покровител во реализација на проектот Денови на Свети Сава во организација на Српскиот културен центар и Српската заедница во Македонија и очекуваме Владата на Република Македонија позивно да одговори на нашето барање.
Второ, на разговорите во Белград повторно е афирмирана нашата иницијатива за отворање на КОНЗУЛАТ на Република Србија во Куманово, а од државниот врв на Република Србија прифатена реализација на истата во наредниот период. Инаку за оваа иницијатива Одборот за дијаспора и Србите во регионот на Нарпдното Собрание на Република Србија пред две години на наша иницијатива веќе донесе соодветен заклучок со кој ја обврза српската влада за реализација на оваа иницијатива“, вели Стоиљковиќ кој најавува дека на покана од српскиот Претседател Александар Вучиќ ќе учествувам во свечената делегација која ќе го пречека Претседателот на Руската Федерација ВЛАДИМИР ПУТИН за време на неговата претстојна посета на Србија и врачувањето на највисокото руско признание, орденот кој се доделува во чест на Александар Невски, рускиот кнез и светец на Руската православна црква – констатира Стоиљковиќ.