Нема веќе место на Инфективните клиники за пациенти, системот пред преоптоварување!
Болничките капацитети во државните болници забрзано се полнат. На Инфективната клиника и во модуларната болница нема веќе место. Според планот на здравствените власти, отсега пациенти со КОВИД ќе се лекуваат и во сите интерни клиники. Министерот Филипче убедува дека здравствена заштита ќе добијат навремено и пациентите со други заболувања.
И додека дел од директорите од внатрешноста на земјава бараа донации од граѓани за да набават возила за брза помош, министерството за здравство ќе чека донација од Кина за 40 возила. Во меѓувреме на министерството ќе му се донираат три возила, што според министерот ќе биде доволно за да се одговори на потребите на пациентите.