Ситуацијата со КОВИД-19 во Македонија е надвор од контрола. Тоа го покажуваат и бројките каде од почетокот на пандемијата до денес има 48.613 заразени и 1376 починати. Имено на почетокот на пандемијата Филипче велеше дека бројката на заразени ќе достигне до 2000 што покажува дека тој е целосно изгубен во справување со целата оваа ситуација.
Доколку се разгледа официјалната страна за следење на корона www.worldometers.info може да се забележи дека Република Македонија е на врвот по смртност од корона на целиот Балкан како и во Европа. Оттаму може да се увиде дека во нашата држава има 640 починати на милион жители.
Ако се земе за споредба со останатите земји од Балканот се гледа дека стапката на смртност во нашата земја е за 2,3,4 пати повисока од другите земји на целиот Балкан. На пример, во Албанија стапката на смртност е 3 пати помала и изнесува 219 починати на милион жител. Потоа во Бугарија 329 починати која е два пати помала, Грција 112 починати или 5 пати помала, Србија 118 исто така 5 пати помала, Хрватска 264 односно или за 2 пати помала.
Од официјалната старана за следење на коронавирусот може да се увиде и дека не само на Балканот, Република Македонија е полоша по бројот на сртни случаи од земји од Западна Европа какао што се Ирска, Луксембург и Холандија. Во Ирска има 400 починати на милион жители, Луксембург има 375 починати, а во Холандија има 497 починати.
Овие бројки се навистина загрижувачки и покажуваат дека на Филипче воопшто не му е гајле што Република Mакедонија е рекордер по бројот на смртни случаи како на Балканот така и во Европа.