СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
СМК и натаму го смета за недостојно, антиисториско и неканонско барањето од 9 ноември 2017 година на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија до Бугарската Православна Црква, прифаќајќи ја за “Мајка Црква“ доколку и’ ја признае автокефалноста!
СМК со индигнација го отфрла интервјуто на медијаторот на македонската црковна авантура кон Бугарската Црква, Милен Врабески, основач на фондацијата “Бугарска памет“ од Софија, за Бугарската национална телевизија (БНТ) од 15 март годинава, во коешто тврди дека барањето на Македонската Црква како ќерка на Бугарската Црква е дел од бугарската национална кауза и обид, Македонците да разберат дека се Бугари…
СМК за несериозен го смета апелот на Милен Врабески до патријархот Неофит, “да ги ‘прошверцува’ свештениците од МПЦ да се причестуваат во Бугарија“.
СМК и натаму бара Светиот Архиерејски Синод на Македонската Црква безусловно да го повлече барањето до Бугарската Црква за Мајка Црква, затоа што Бугарскиот Синода ниту влезе во сослужение со Македонската Црква, ниту огласи евхаристиско единство со Македонската Црква, ниту ја призна автокефалноста на Охридската Архиепископија возобновена во Македонската Црква, ниту ја именува Македонската Црква со нејзиното име Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија туку само со Македонска Православна Црква, затоа што Бугарската Црква смета дека таа е канонска наследничка на Охридската Архиепископија.