Македонија 13. декември 2020. / 20:24

Мафијашки избори во Штип и паралела со излезноста со парламентарните и локалните избори 2017-2020

Мафијашки избори во Штип и паралела со излезноста со парламентарните и локалните избори 2017-2020

На парламентарните избори во Штип кои се одржаа оваа година на 15 јули вкупно гласале 24.067 избирачи од кои 10.141 за ВМРО-ДПМНЕ, а излезеноста од вкупниот број на избирачи била 51.34 проценти.

Денеска пак до 18:30 часот излезеноста била 34.30 проценти, односно согласно бројките од 18.30 часот имаме пад од 32% на излезноста на изборите. Односно излегле околу 9.500 гласачи помалку од изборите одржани во јули оваа година.

Како за пример, во 2017 гласале вкупно 29.254 гласачи, односно 69.39% од вкупниот број на избирачи.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение вечерва велат дека Заев денес го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес.

-Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци. Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер „избори во Штип“, чија цена се здравјето и животите на штипјани. Подеднакво одговорен за ова е и кандидатот Николов, кој после сето ова граѓаните нема да го памтат како доктор, туку како политичар зараза. Се борел за фотеља газејќи преку докторската етика, животите на штипјани со притисоци, поткуп и закани, велат од партијата.

Додаваат дека од денес секој починат и заразен во Штип, оди на душа на Заев, Николов и СДСМ.