Македонија 13. август 2019. / 17:40

Лупевска за Владиниот „Тим за борба против корупција“: Па дали е ова можно?

Лупевска за Владиниот „Тим за борба против корупција“: Па дали е ова можно?

Новинарката Снежана Лупевска преку фејсбук статус реагираше на одлуката на Владата за формирање на „оперативен тим кој бескомпромисно ќе работи на борба против криминалот и корупцијата“.

Па дали е ова можно, праша таа.

Владата формира оперативен тим кој бескомпромисно ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото и сега.

Оваа иста Влада има МВР има финансиска полиција и уште едно чудо институции кои треба-ло да делуваат а очигледно не делувале !! Што е ова паралелен систем !? – напиша Снежана Лупевска на фејсбук.