Македонија 11. јуни 2020. / 14:53

Лоши ситни коцкарски финти: Заев сега место 5 го нуди 8 јули за избори!

Лоши ситни коцкарски финти: Заев сега место 5 го нуди 8 јули за избори!

Владеачката СДСМ до опозициската ВМРО-ДПМНЕ го предложила 8 јули како последна „понуда“ за одржување на одложените заради пандемијата предвремени парламентарни избори, дознава „Либертас“.

Ова, според извори во СДСМ за порталот, му го кажал лидерот Зоран Заев на разговорите со европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој се вклучи да посредува меѓу власта и опозицијата за утврдување на нов датум за одложените априлски, предвремени парламентарни избори.

Лидерот на СДСМ инсистираше за избори на 21 јуни, а потоа, по најавата на Али Ахмети дека за нив е прифатлив 5-ти јули, го помести датумот. Сега како ситни коцкарски финти го нуди 8, наместо 5 јули.

Што ќе променат во целата ситуација три дена одложување на изборите, веројатно ни тој самиот не знае. Зашто, сите показатели за актуелната состојба со Ковид-19 не се во прилог на тврдењата на Заев, а инсистирањето на брзи корона избори можат само да ја продлабочат здравствената, политичката и, што е најважно, можат да отворат нова безбедносна криза.