Македонија 23. јуни 2020. / 12:22

Локалната самоуправа на Битола не и дозволи на ВМРО-ДПМНЕ програмата да ја промовира пред Домот на културата, презентацијата на плоштадот „Магнолија“

Локалната самоуправа на Битола не и дозволи на ВМРО-ДПМНЕ програмата да ја промовира пред Домот на културата, презентацијата на плоштадот „Магнолија“

Поради опструкции од Власта и нервозата поради престојниот пораз, наместо пред домот на културата, ВМРО-ДМНЕ ќе ја промовира програмата на плоштадот Магнолија во Битола, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поради директни опструкции од СДСМ и власта во општина Битола раководена од Наташа Петровска, пред се поради нервозата предизвикана од престојниот пораз на изборите на ВМРО-ДПМНЕ не му беше отстапен јавниот простор пред Домот на културата во Битола за промоција на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ Ве известува дека ќе ја промени локацијата на презентација, а во 13 часот ќе ја презентира својата предизборна програма на Плоштад „Магнолија“ во 13 часот.