Македонија 27. март 2020. / 11:57

Љутков: Со купување на македонски производи ќе се обезбеди плата за работниците

Љутков: Со купување на македонски производи ќе се обезбеди плата за работниците

Македонската економија е во опасност, а македонските компании и македонските работници се пред тежок предизвик, вели во видео обраќање актерот Зоран Љутков, претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој апелира да се купуваат домашни производи, за да се обезбеди егзистенција за сечие семејство.

„Со купувањето на производи од македонски компании, ќе се обезбеди плата за работниците, работниците ќе купуваат производи од други компании и така ќе има за сите. Со купување на македонски производи, ќе ги спасиме работните места во компаниите, ќе ја потпомогнеме економијата, ќе ја помогнеме Македонија“, вели Љутков.