Македонија 11. март 2021. / 23:33

Љупчо Николовски и Костадин Костадинов ги има на избирачки список во Софија

Љупчо Николовски и Костадин Костадинов ги има на избирачки список во Софија

Дали заменик претседателот на Владата, задолжен за борбата против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски од СДСМ заедно со портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, се дел од избирачкиот список во Софија?.

Според документите јасно се гледа дека Николовски и Костадинов се дел од граѓаните во Софија кои имаат право на глас врз основа што се државјани на таа земја.

Костадинов инаку е роден во Струмица, додека Николовски во Крива Паланка, а нивните градови се граничат со соседна Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ денеска остро демантираше дека пратениците на партијата имаат бугарски пасоши откако бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов објави списоци на кои наводно се наоѓаат функционери и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои поседувале бугарски пасоши.