Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски подготвува адвокатскиот тим за покренување тужба против ВМРО-ДПМНЕ.
Основа на тужбата е аргументацијата дека согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право, како почесен претседател на партијата, не може да биде одземено, пишува Поглед.мк, портал близок до неговата сегашна партија ВМРО-НП.
Со последните измени во статутот на партијата се укинуваат позициите почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Освен Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше и Никола Груевски.