На денешната лидерска средба која што ја свика претседателот Стево Пендаровски ќе се разговара за одложување на изборите изборите закажани за 12 април.
Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ претходно се согласија дека поради коронавирусот неопходно е одложување на изборите.
На средбата закажана за денеска точно на пладне ќе разговараат за одложување на претстојните предврмени парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април.
„Ако се одложат изборите за месец или два тоа нема да биде пропаст на светот“, рече минaтиот петок во врска со мерките за справување со коронавирусот Пендаровски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски истакна дека треба да се одложат изборите, бидејќи согласно препораките најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности.
И ДУИ прифати одложување на изборите, а нејзиниот лидер Али Ахмети преку соопштение порача дека приоритет е јавното здравје.