Македонија 18. октомври 2019. / 11:39

Лидерска средба кај Пендаровски во недела

Лидерска средба кај Пендаровски во недела

Претседателот на државата,  Стево Пендаровски испратил покани до лидерите на политичките партии за средба во Вила Водно в недела, потврдија дел од партии за Канал 5.

Засега нема информации кој се’ е поканат, но се знае дека Пендаровски го очекува присуството на првите луѓе на партии од македонскиот и албанскиот блок.

Иницијативата за лидерска средба доаѓа по последните информации околу добивањето датум за почеток на преговорите со Европската Унија.