Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ утре во 20,15 часот ќе гостува на Македонската телевизија на дебата со претставниците на националните телевизиски медиуми.
-Со задоволство ја прифатив понудата на уредништвото на МТВ за телевизиска дебата, интервју со претставниците на националните телевизиски медиуми. Сметам дека транспарентноста и подготвеноста за дебатирање за најважните прашања, ќе им овозможи на граѓаните појасно да ги воочат и оценат состојбите, ставовите и предизвиците на нашата земја.
За сите мои ставови, за крахот во економијата и разобличувањето на лажните ветувања од Владата, за името, двојазичноста, изборите, за НАТО и ЕУ и за сите други теми, Ве поканувам да гледате МТВ во понеделник во 20:15 часот, објави Мицкоски на социјалните мрежи.