Македонија 10. мај 2019. / 19:03

Лекарите од Хематологија до Антикорупциска: Законите за Пановски не важат!

Лекарите од Хематологија до Антикорупциска: Законите за Пановски не важат!

Лекари од Хематологија поднесоа Претставка до Антикорупциска комисија поради сомневње за начинот на делење на тендери и фоворизирање на одредени фрими од страна на др.Ирина Пановска, пренесува НОВА.

Само еден ден откако Антикорупциска комисија отвори предмет за да го истражи судирот на интереси на Клиниката за хематологија се огласија од Јавното обвинителство од каде соопштија дека „во посебниот извештај на Управата за финансиска полиција, не се утврдени повреди во постапката по јавните набавки, ниту е утврден судир на интереси кај одговорните лица, туку јавната набавка во целост и во сите фази е спроведена согласно закон“.

Наспроти ваквите тврдења на Финансиската полиција, во Претставката испратена до Антикорупциска со која се бара да се отвори предмет за роднинските врски на првите луѓе на Kлиниката за хематологија и веледрогеријата „д-р Пановски“, а до кој дојде НОВА, се наведуваат повеќе примери зошто треба да се констатира судир на интереси кој влијае на квалитетот на здравствените услуги и на набавките на лекови.

Во писмото пишува дека од страна на директорката Ирена Пановска комплетно е сменет Стручниот колегиум, кој сега е инструмент во нејзините раце за набавка на скапи лекови од веледрогеријата на нејзиниот татко, Др Пановски.

Лекарите тврдат дека со новата систематизација, која била донесена на сила, нетранспарентно и незаконски директно и лично од вд. директорката Ирина Пановска освен Стручниот колегиум, сменета е и главната медицинска сестра, сите раководители на одделенија, а способните и докажани стручни кадри кои се носители на дејноста се деградирани што влијае на квалитетот на лекувањето и изборот на лекови.

– Стручниот колегиум по закон му предлага на директорот кои лекови треба да се набават и друг потрошен материјал потребни за вршење на здравствената дејност, но во оваа Клиника, новиот Стручен колегиум не е веќе стручен орган на установата и не се сомнева во квалитетот на лековите, бидејќи Стручниот колегиум сега е станат еден евтин инструмент во рацете на вд.директорката. Тоа е заштитен круг на послушници. Резултатите, за жал се евидентни и во лекувањето и квалитетот на згрижување на пациентите, а смртноста е евидентно зголемена во последната година. Како лекари ја молиме Антикорупциската комисија што побрзо да го провери тој податок. – пишува во Претставката од група лекари на Хематологија.

За докторите на Хематологија е нејасно како ниту една надлежна инситутуција – Министерство за Здравство, Фонд за здравствено осигурување, МВР, Јавно Обвинителство, па и Владата не може да увиди очигледен пример на конфликт на интереси како што е во фактичката состојба, каде ќерката е носител на јавна функција, а нејзиниот татко главен снабдувач со лекови и материјали на истата.

– Изгледа дека воопшто не важат законите за ова семејство. – пишуваат лекарите до Антикорупциска комисија.

Тие сметаат дека Ирина Пановска го релативизира ова прашање, со тоа што до Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе изјава за нејзино “изземање од сите постапки за јавни набавки” каде како потенцијален понудувач може да се јави веледрогеријата на татко и, како и со назначување на „надзор“ на набавките од “надворешни стручни лица” кои не се вработени на Клиниката, а се надлежни да го следат и да вршат увид во начинот на кој се реализираат јавните набавки.

– Ниту еден нов лек не е ставен на позитивна листа, односно сите се набавуваат со условни буџети, чии износи не се регулирани, како ни должината на достапноста на лековите. Другиот аспект е добавувачот на овие лекови, каде не смее да се прави разлика меѓу личноста со директен конфликт на интереси и други пријатели од веледрогериските кругови, со кои подоцна главната веледрогерија ќе ги регулира сметките и односите. Злоупотребата е јасна ако се согледа дека некои добавувачи се редовни на листата, а други, значајни „играчи“ во тој сегмент, воопшто ги нема меѓу добавувачите. Сумите кои проаѓаат низ нивните раце треба државата сама да ги пресмета. – се вели во писмото.

Групата доктори исто така нагласуваат дека врската татко – ќерка не завршува со Клиниката за Хематологија. Фамилијарниот бизнис метастазира и во Министерството за здравство со експресното именување на Пановска за член на Комисијата за ретки болести – позиција со која може да влијание и врз одлуките кои лекови ќе се набавуваат и за кои болести, односно кои болести се ставаат на списокот на ретки.

– Именувањето на Др.Ирина Пановска за член на Комисијата за ретки болести од страна на Mинистерот за здравство Венко Филипче е длабоко кршење на сите правни норми, мегаскандал поради фамилијарните фармацевтски врски кои фрлаат сериозно сомневање врз начинот како се делат тендерите и фаворизираат одредени фирми. – велат лекарите во Претставката.

Писмото од докторите завршува со апел до антикорупциската итно да отвори случај и да утврди конфликт на интереси покрај за Пановска и за останатите ново именувани раководители кои се тесно поврзани исто така со фармацевтски куќи.