Македонија 01. август 2020. / 09:46

Лекарите му препорачаа одмор на Џафери, Мисовски ќе ја предводи собраниската делегација во Крушево

Лекарите му препорачаа одмор на Џафери, Мисовски ќе ја предводи собраниската делегација во Крушево

Делегацијата на Собранието по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Денот на Републиката, на Мечкин камен, Крушево, ќе ја предводи потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, соопштуваат од собраниската прес служба.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување, велат од таму.

Џафери по изборната кампања беше хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на Ковид-19, иако сите тестови досега му беа негативни.