Македонија 09. март 2021. / 10:29

Лекари од неврологија до Филипче: Не деградирате и користите како мали деца, а не добивме ниту парична награда

Лекари од неврологија до Филипче: Не деградирате и користите како мали деца, а не добивме ниту парична награда

Здравствените работници секој ден повикуваат дека постои деградацијата од страна на министерот за здравство, Венко Филипче. Здравствените работници од Клиниката за неврологија се жалат дека се заборавени од министерот за здравство, пренесува порталот Нетпрес.

Здравствени работници на Клиниката за неврологија веќе шест месеци лекуваат граѓани од КОВИД-19, но тие воопшто не се наградени од министерот за здравство.

Здравствените работници од Клиниката за неврологија коментираат дека нивните колеги од Инфективна клиника кои се блиски до власта земаат бонуси, а воопшто немаат влезено во КОВИД центарот, додека тие секојдневно се соочуваат со пандемијата немаат добиено ниту денар.

-Сите наши колеги и доктори земаа наградно 27.900 денари, а воопшто не влегоа во КОВИД центарот, па како може да не деградираат и да не користат како да сме мали деца, директорот за да биде добар колега на шуто и рогато му исплати бонус, а ние мака мачиме со 16.300 денари плата. А, со тие пари треба витамини да си купиме , храна за дежурство, сок ,некогаш и скафандери и за што работиме ние? За лепе очи? За Венко да може да се фали во јавност дека се е розово, а вистината е жална. Заштита при работа има 0%,нема скафандери четири месеци, со мантилчиња како гревчиња сме фрлени во КОВИД центарот, срамота и греота, ни одмор, ни бутур, до кога вака ќе се угнетува работникот, раскажува револтиран здравствен работник од Клиника за неврологија.

Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во радио „Лидер“ на 23.12.2020 година појасни дека сите категории на здравствени работници се чувствуваат неубаво кога од една страна имате терминологија јунаци, херои, ви благодариме, вие сте многу храбри, господ да ве чува, а од друга страна министерот ги дели здравствените работници, едните ги наградува, а другите ги заборава.

-Наградувањето на персоналот тоа првата линија, втората линија итн. можеше да се спомнува во мај месец, април месец кога почна короната, додаде Николов.

Николов појасни дека уште полошо е што наградата е еднократна, не е на месечно ниво, и со самата селекција се создава незадоволство кај здравствениот персонал, а најмногу се забележува кај матичните лекари. Сега во моментов кога матичните лекари им помагаат на своите пациенти, и деноноќно ги контактираат се заборавени од власта. Прва и втора линија на браникот на корона поради власта се избришани.

Наградите кои се како мотивација на персоналот што ги најавуваше министерот за здравство Венко Филипче единствено со ова направи незадоволство кај персоналот, и не се правично распределени.