Лажниот принц од Црна Гора и Македонија Стефан Чернетич, го одликувал премиерот Зоран Заев.
Чернетич се сретнал со премиерот на и објави фотографии на својот официјален профил на социјалната мрежа Facebook.
На фотографиите може да го видиме Чернетич како го одликува Заев во просториите на Владата на Република Македонија.
Инаку, за Стефан Чернетич беше издадена потерница од италијанската полиција за лажно претставување како принц од Црна Гора и Македонија. Ова тој наводно го правел, за да се стекне со финансиска корист. Има одликувано многу јавни личности, помеѓу кои и Памела Андерсон.