ДУИ, според резултатите од преговорите за влада, освои неколку важни директорски места. Се шпекулира дека со МЕПСО ќе раководи Муса Џафери или неговиот син Арјанит Џафери, додека со Агенцијата за електронски комуникации Газменд Ајдини, пишува Лајм.
Поранешниот министер за економија Беким Незири се зборува дека ќе биде избран за директор на М-НАВ, додека Садула Дураку би можел да ја заземе позицијата на актуелниот член Назим Буши во управниот одбор на Телеком.
Јавното претпријатие за државни патишта се шпекулира дека ќе премине во рацете на Ејуп Рустеми, сегашен директор на Македонски пошти.
Што се однесува на позициите кои треба да и припаднат на ДУИ, ниту едно од имињата за кои што се шпекулира не е официјално потврдено.