Македонија 17. јули 2020. / 18:23

Куновска: Се истепаа за една недела порано да биле изборите, а денес на одмор си отишле

Куновска: Се истепаа за една недела порано да биле изборите, а денес на одмор си отишле

Софија Куновска, која беше дел од високото партиско раководство на СДСМ и поранешна пратеничка ја критикува одлуката на лидерот на партијата Зоран Заев кој соопшти дека заминува на одмор до втори август.

Се истепаа за една недела порано- подоцна да биле изборите, среда ја направија неработен ден, од што брзале за граѓаните да добијат побрзо ефикасни институции за борба со Ковид-19, а денес слушам на одмор си отишле, напиша Куновска.