Македонија 26. ноември 2020. / 22:24

Kуновска: Барем Шекеринска можеше да прочита некој ред за фашизмот

Kуновска: Барем Шекеринска можеше да прочита некој ред за фашизмот

Безочна манипулација на Радмила Шекеринска во изјавата со која го брани неодбраливото :
– Фашизмот нема етничка боја. Денес кога зборуваме за нашите односи со Германија, не дозволуваме тие односи, како ни односите меѓу Франција и Германија, да бидат доминирани од прашањето на фашистичкото минато.

Германија не ја условува Македонија за ништо и не бара од нас да го избришеме од учебниците „германскиот фашистички окупатор“.
Барем таа можеше да седне и да прочита некој ред. Да речеме „Прашање на вината“ од Карл Јасперс за да го разбере фашизмот и нашиот однос кон него, напиша на Фејсбук, Софија Куновска.