Македонија 06. април 2018. / 20:01

Кумановскиот огранок на ДУИ: Али Ахмети да поднесе оставка (ФОТО)

Кумановскиот огранок на ДУИ: Али Ахмети да поднесе оставка (ФОТО)

Убиството на Наип Реџепи, еден од посериозните кандидати за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово, предизвика голем револт.

Кумановскиот огранок на партијата бара оставка од лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој треба да понесе морална одговорност за убиството пред седиштето на партијата во Мала Речица.

„Убиството на нашиот брат од страна на хиените жедни за власт… најмалку што треба Али Ахмети да направи е морална оставка“, пишува на фејсбук статусот на ДУИ Куманово.