Македонија 07. јуни 2018. / 15:23

Кржалоски се сретна со претседателот на Младеж ХДЗ

Кржалоски се сретна со претседателот на Младеж ХДЗ

Извонредно продуктивна средба со Josip Bilaver – претседател на Mladež HDZ и неговиот тим. Нашите две организации имаат историја на добра соработка, која беше потврдена со гостопримството и топлината со кои денес бевме пречекани во нивната централа во Загреб, објави лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски.

-Долго се дискутираше за внатрешната ситуација во нашите партии и држави, како низ историјата така и во моментов, структурите на политичките системи, идеолошките програми и актуелните жешки прашања и случувања на домашните и светските политички сцени. Сепак, круна на средбата беа разговорите за стратешки партнерства помеѓу нашите сестрински партии во однос на меѓународната соработка и споделувањето на искуства и знаења. Се надеваме дека наскоро и ние ќе ја имаме честа вака да ги дочекаме во Скопје, информира тој.