Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир”, донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода.
-Кривичниот совет при овој суд постапуваше по предлогот и го донесе горе наведеното решение по добиениот допис од претседателот на Собранието на Р.Македонија, кој во судот е примен денеска, а со кој се известува советот дека врз основа на Извештајот на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања, Собранието на Р.Македонија, согласно член 54 ст. 1 од од Деловникот на Собранието на Р.Македонија го одобрило барањето на кривичниот совет при овој суд за одобрување на мерка притвор против Н.Г., пратеник во Собранието на Р.Македонија. – наведуваат од Основен суд Скопје 1.
Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа до Апелацискиот суд – Скопје.