Македонија 08. април 2020. / 13:37

Ковачев: Ве сметаме за наши браќа и сестри, првата држава на која ќе и помогнеме е Македонија

Ковачев: Ве сметаме за наши браќа и сестри, првата држава на која ќе и помогнеме е Македонија

Ние, премиерот Борисов, министрите, денеска разговарав со вицепремиерот Красимир Каракачанов и заклучивме дека сме подготвени, првата држава на која ќе помогнеме да биде Македонија. Ние вас ве сметаме за наши браќа и сестри и нема како да не помогнеме со помош на бугарската индустрија која почна да произведува такви средства кои сега ќе ви бидат потребни. Јас знам и во многу скоро време се надевам дека ќе биде објавено се подготвува една друга голема донација, но не сакам сега да го споделувам бидејќи тоа ќе го соопшти Владата на Бугарија, рече европратеникот Андреј Ковачев во интервју за „Поглед.мк“.

Јас како заменик претседател на групата на ЕПП за западен Балкан настојував да има сериозна поддршка за западен Балкан, вклучително и за Македонија. Не е новина дека европската комисија издвои 4 милиони евра директна помош за Македонија, 50 милиони можат да бидат искористени за социјално-економска стабилност после таа криза, и плус 8 милиони евра кои ќе може да бидат лоцирани за дејности за кои ќе одлучи Владата на Република Македонија, додаде Ковачев.

Тој истакна дека бугарската индустрија почнала брзо да произведува средства кои им се потребни, маски, како и облека потребна за нивна заштита, пред се за оние кои се во прва линија, медицинскиот персонал на Бугарија оние кои спасуваат животи.

Бугарија има помал број на заразени личности и тоа зависи од дисциплината на луѓето, максималното ограничување на нивни контакти со други луѓе, рече Ковачев.