Резолуцијата на Европскиот Парламент, со која се бара Унгарија да го екстрадира екс премиерот, Никола Груевски, нема никаква важност, вели Државниот Секретар за меѓународна комуникација на кабинетот на Орбан, Золтан Ковач.
Во интервју за телевизијата, „Ехо“, Ковач појаснува дека Евроспкиот Парламент не треба да се меша во правните работи на земјите.
– Постапката за политички азил на Груевски не е политичка, туку правна работа. Европскиот парламент нема никаква врска со екстрадицијата на Груевски и она што го прави е дека го пика носот таму каде што не му е местото. Верувам дека мнозинството пратеници гласаа за резолуцијата, иако тие немаат никаква врска со случајот Груевски. Најголемиот грев на Груевски е што изгради ограда и застана во одбрана на Европа од тероризмот и миграцијата. – изјави Ковач.