Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, кажа дека од интерес на граѓаните е амандманите за уставните измени да бидат што е можно поскоро доставени.
Тој исто така посочи и дека со законот за амнестија ќе се направи упад во правосудниот систем на државата.
Останува отворено да разговараме со нашите колеги, пратеници од опозицијата, да го отвориме процесот затоа што закон за амнестија е брутален упад во правосудниот систем на РМ. Не смееме да дозволиме заради политички преписки да го нарушиме принципот на владеење на правото. Разговараме со сите пратеници, да го формираме телото, што значи помирување и подавање рака за конечно поделбите на општеството на партиска или било каква друга определба да престанат“, одговори на новинарското прашање, Костадинов.