Македонија 07. март 2020. / 15:53

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е за изолација, тие еден чекор назад, ние три напред

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е за изолација, тие еден чекор назад, ние три напред

На овие избори ќе се судрат два целосно спротивни концепти. Од една страна концептот на извршителот Мицкоски за враќање назад и концептот на СДСМ за продолжување напред, односно концептот за иднината, порача на прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој рече дека докажале со СДСМ и Зоран Заев дека НАТО и Европската унија се реалност и дека благодарение на тие политики, денеска сме чекор поблиску до одлука за почеток на преговори со Унијата.

-Се потврдува секој ден, извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се за изолација и враќање назад, СДСМ е за интеграција и напредок. Тие еден чекор назад, ние три напред, рече Костадинов.