Македонија 13. јануари 2019. / 13:20

Костадинов: 2019-та ќе биде година на интеграција економски раст и повеќе пари кај граѓаните

Костадинов: 2019-та ќе биде година на интеграција економски раст и повеќе пари кај граѓаните

Македонија заврте нова, светла страница на иднината, на стабилноста, сигурноста и економскиот напредок.

Со имплементација на Договорот од Преспа и државничката одлука на мнозинството пратеници за уставни измени, отворени се перспективите, во финална фаза се процесите до членството во НАТО и ЕУ.

Македонија станува 30 земја членка на НАТО Алијансата оваа година. По започнувањето на скрининг процесот, во оваа 2019 година се очекува и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Годините изолација, неизвестност и уназадување се зад нас. Македонија денес засилено граби кон интеграција во двата најмоќни светски сојузи, НАТО и ЕУ.

2019 година, освен година на интеграција, ќе биде и година на економски раст и повеќе пари кај граѓаните.

За оваа година, предвидено е уште едно зголемување на минималната плата, што значи повеќе пари кај работниците, кај семејствата.

Платите растат во сите секотори.