Македонија 04. јануари 2021. / 09:28

Конечно познато колку вакцини ќе добие Македонија

Конечно познато колку вакцини ќе добие Македонија

Македонија од производителот Фајзер ќе добие 800.000 вакцини против ковид-19, првите 5.850 вакцини ќе стигнат во февруари, а обезбедени се вакцини за цела 2021 година. Договорот бил дефинирана утрово во телефонски разговор на министерот за здравство Венко Филипче и висок претставник на компанијата производител на вакцини против ковид-19.

По првите 5.850 дози вакцини во февруари ќе следува пратка со поголема количина во март и во април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.

Земјава, како што соопшти Министерството за здравство, навремено почна со подготовките за вакцинација против ковид-19 и постојната функционална и одлично поставена здравствена инфраструктура каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.

Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а истите во нашата земја ќе пристигна месецов.

Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.